петок, јуни 5, 2026
Дома СВЕТ Германија бара појаснување за ублажување на санкциите на САД против Русија

Германија бара појаснување за ублажување на санкциите на САД против Русија

39
EPA/LUDOVIC MARIN / POOL MAXPPP OUT

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави за време на посетата на Норвешка дека неговата земја не учествува во војната со Иран, објавија британските медиуми.

– Германија не е дел од оваа војна во Иран и ние не сакаме да учествуваме во неа – рече Мерц.

Запрашан за стратешки важниот Ормуски Теснец, канцеларот рече дека нема причина да се разгледува обезбедувањето воена заштита на морските патишта.

Мерц додаде дека Берлин дознал за одлуката на САД да ги укине нафтените санкции против Русија дури утрово откако Вашингтон издаде дозвола за купување санкционирана руска нафта и нафтени производи блокирани на море.

Норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе, од своја страна, изјави дека енергетските санкции против Русија не треба да се ублажуваат.

ИЗДВОЕНИ