вторник, јуни 16, 2026
Дома СКОПСКА „Генералка“ во дворот на гимназијата „Орце Николов“ 

„Генералка“ во дворот на гимназијата „Орце Николов“ 

1

Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ реализираше акција за генерално чистење во средното училиште „Орце Николов“.

Од претпријатието соопштија дека во текот на акцијата биле собрани и транспортирани 20 кубни метри претежно кабаст отпад од училишните простории и од дворот на гимназијата.

– ЈП „Комунална хигиена“ секоја година спроведува едукативни активности во оваа скопска гимназија, во чии рамки учениците се запознаваат со активностите на претпријатието и како да ја заштитат својата животна околина преку правилното постапување со отпадот и примарната селекција – потенцираат од претпријатието.

 

 

ИЗДВОЕНИ