Адвокатот Себастијан Фанти, кој ја застапува Французинката која беше сериозно повредена во пожар во ноќен клуб во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана на новогодишната ноќ, изјави дека поднел барање за отштета во вкупен износ од 8,2 милиони евра до судот во Париз.
„Сакаме 2 милиони евра како аванс за итни трошоци, а преостанатиот износ за остатокот од животот на мојот клиент“, рече адвокатот на повредената Французинка.
Тој рече дека барањето за надомест е поднесено врз основа на прелиминарна проценка подготвена од експерт.
Меѓу другото, барањето се однесува на надомест за штета на физичкиот интегритет на Французинката и нејзината загуба на заработка, како и на фактот дека неговата клиентка ќе мора да биде згрижена до крајот на животот.
„Франција ќе ја смета општината и (швајцарскиот) кантон Вале за одговорни, сигурен сум во тоа“, рече адвокатот.
Адвокатот изјави дека тој застапува вкупно 26 жртви од пожарот во Кран Монтана и нивните роднини.
Во пожар што избувна на новогодишна забава во ноќниот клуб „Констелејшн“ во Кранс-Монтана загинаа 41 лице, а 115 се повредени, јавува „Танјуг“.












