четврток, септември 24, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Француски сенатори во Скопје – поддршка за евроинтеграцијата

Француски сенатори во Скопје – поддршка за евроинтеграцијата

53

Европската интеграција останува наш врвен стратешки приоритет и земјава е цврсто определена да продолжи со реформите и исполнување на европската агенда, истакнал претседателот на Собранието, Африм Гаши, на средбата со Делегација на Сенатот на Француската Република предводена од Марта де Сидрак, сенаторка и претседателка на Групата за пријателство Франција – Западен Балкан. Гаши ја нагласил потребата за предвидливот на процесот на проширувањето кон Европската Унија и конечно завршување на тој процес.

-Патот на нашата држава  кон зачленување во Европската Унија трае исклучително долго  и е многу комплексен, истакнал собранискиот спикер.

Како што соопштија од Кабинетот на Гаши, сенаторите искажале големо задоволство за размената на мислење со претседателот Гаши и добивањето на многу јасна слика за напорите и реформите што ги прави земјата како и предизвиците со кои се соочува на тој пат. Тие се интересирале за спроведување на потребните реформи на земјава, како и за исполнување на сите потребни критериуми за зачленува во Европската Унија.

Покрај сенаторката де Сидрак, во составот на Делегацијата се и Арно Базен, сенатор и претседател кој е надлежен за Северна Македонија,  Ален Милон, сенатор и претседател кој е надлежен за Косово како и сенаторката  Лоранс Арибе, надлежна за Црна Гора.

Делегација е во дводневна посета на Македонија. Покрај средбата со првиот парламентарец, на агендата за денеска се и средби со членовите на Пратеничката група на Собранието за соработка со Парламентот на Француската Република, како и посета на Францускиот институт во Скопје. Утре, пак, делегацијата ќе го посети Француското интернационално училиште во Скопје, каде што ќе се сретне со ученицитем, а потоа ќе учествува на средба со пратениците од Националниот совет за евроинтеграции. Сенаторите ќе бидат примени и на средба кај претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Посетата ќе заврши со оддавање почит на Француските воени гробишта во Скопје, каде што делегацијата ќе положи венец во спомен на француските војници кои загинале на Источниот фронт.

-Оваа посета е израз на квалитетот и динамичноста на парламентарните односи меѓу Франција и Северна Македонија. Таа ќе овозможи разгледување на перспективите за билатерална соработка, како и на процесот на европска интеграција на Северна Македонија, кој Франција го поддржува, велат од Амбасадата на Франција во земјава.

 

 

 

 

 

 

 

 

ИЗДВОЕНИ