вторник, јуни 16, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Фотоволтаични панели за 12 јавни установи

Фотоволтаични панели за 12 јавни установи

433
default

Нови општински објекти во Кавадарци ќе добијат фотоволтаични панели за бенефит и финансиска заштеда, најави градоначалникот Митко Јанчев.

– Како општина што пред четири години, Кавадарци беше прва во државата и постави 200 KW фотонапонски панели на сите општински објекти, продолжуваме со уште поголеми инвестиции. На 12 јавни установи ќе се постават фотоволтаични модули – со моќност од 400 до 600W, на секоја локација, во вкупна моќност од 355kW. Фотоволтаичните модули се донација од „Пиксел гроуп“ во вредност од 4,5 милиони денари – објави Јанчев на Фејбук.

Од неговиот кабинет појаснија дека се работи за јавни установи на кои ќе се постават фотоволтаични модули и што ќе имаат огромен бенефит како и голема финансиска заштеда. Локалната самоуправа, училишта, објекти на детската градинка, кавадаречката болница, Домот на културата, Градската библиотека и кавадаречкиот суд.

 

ИЗДВОЕНИ