Општина Дебар и Digital School склучија Меморандум за соработка, со цел унапредување на дигиталното образование, развој на технолошките вештини и создавање нови можности за младите.
Меморандумот беше потпишан од градоначалникот Фисник Меља, како и од претставничките на Digital School, Адиса Мулареџа Кривца (коосновач – Digital School Дебар) и Арјета Алиу (извршна директорка – Digital School Македонија).
-Оваа соработка има за цел организирање обуки, едукативни активности и иновативни проекти во областа на технологијата и дигитализацијата за учениците, наставниците и локалната заедница. Во рамки на континуираната поддршка за талентираните млади, Општина Дебар донесе одлука финансиски да го поддржи ученикот Еуген Папранику, кој ќе го претставува нашиот град на меѓународниот натпревар „STEM Olympiad“ – информираа од Општина Дебар.












