понеделник, јуни 15, 2026
Дома СВЕТ Објавена нова снимка од обидот за атентат на Трамп – го проби...

Објавена нова снимка од обидот за атентат на Трамп – го проби oбезбедувањето за 4 секунди/ВИДЕО

2042
screenshot X video

Генералната обвинителка Џанин Пиро објави видео на мрежата Икс на кое се гледа како Кол Ален пука во службеник на американската тајна служба за време на обид за атентат врз претседателот Доналд Трамп на вечерата на дописниците од Белата куќа.

„Го објавуваме видеото, кое веќе е доставено до Окружниот суд на САД, на кое се гледа како Кол Ален пука во службеник на американската тајна служба за време на обид за атентат врз претседателот на вечерата на дописниците од Белата куќа. Нема докази дека пукањето било резултат на пријателски оган“, напиша државната секретарка во својот пост.

Тој ќе биде обвинет во федералниот суд за напад врз јавен службеник, употреба на огнено оружје и обид за убиство.

ИЗДВОЕНИ