Утринава главниот град со вообичаениот сообрачаен метеж и издувни гасови од нив во воздухот. Меѓународниот ден без автомобили очигледно дека многумина не го испочитуваа. Редици автомобили и н ервозни возачи како и секој вообичаен ден. Што е уште поразочарувачки и покрај тоа што градските власти ромовираат мобилност и користење на алтернативни средства за превоз како што се велосипедите, користење на јавниот превоз тие не преземаа ништо на овој ден, со цел да ги натераат граѓаните на тоа. Изостанаа велосипедските тури и затворањето на улиците во центарот на Скопје, што низ годините беше синоним за овој ден.

Единствено што не потсетија на овој ден беа најмладите од Детскиот културен центар „Карпош“, кои традиционално, по повод Европската недела на мобилност, по 12 пат, традиционално ја организираат манифестацијата „Движи се за здравје“, кај фонтаната „Лотос“, чија цел е да се потсети дека вежбањето е еден од главните фактори за правилен раст и развој на децата, како и за подобрување на моторичкиот развој уште од рана предучилишна возраст.

Метрополата треба да биде пример по која ќе се раковадат останатите градови, а не обратно. За разлика од Скопје, овој ден се одбележува по 12 пат во Кочани, каде се организира велосипедска тура, „По патеката на оризот“, со што општината по 12 пат се вклучува во одбележување на Европската недела на мобилност која се заокружува со денешниот Меѓународен ден без автомобили. Активности по пово д Европската недела на мобилност имаше и во Битола, а во Делчево денеска со „Велобус“ младите ќе го одбележат Светскиот ден без автомобили.













