Олимпија Милано се соочува со сериозен проблем откако остана без центарот Девин Букер, кој поради повреда на тетивата на квадрицепсот на десната нога, би можел да отсуствува и до три месеци. Американецот се повреди на дуелот со Олимпијакос, а дополнителните прегледи покажаа кинење на тетивата на мускулот.

Италијанскиот клуб веќе почна потрага по нов центар за да ја пополни празнината под кошот. Отсуството на Букер доаѓа во исклучително лош момент, бидејќи Милано е во сериозна резултатска криза и има осум порази по ред. Последниот го претрпи од Валенсија (73:84) и покрај добриот настап на Усман Диоп.

Букер сезонава бележи просек од 6,1 поен и 3,8 скока, но неговото значење е многу поголемо од статистиката, бидејќи има најдобар нето-рејтинг во тимот меѓу играчите со доволно настапи во Евролигата.

ИЗДВОЕНИ