Светскиот шампион ја нападна организацијата: „Формула 1 само сака да заработи повеќе пари, не размислува за спорт“
Трката во Формула 1 продолжува во Унгарија овој викенд, а Ландо Норис не е задоволен од она што го гледа во спортот.
Актуелниот светски шампион се мачи оваа сезона и многу е сигурно дека нема да ја одбрани светската титула, па ова кај него разбуди одредени фрустрации што ги насочи кон Формула 1 и нејзината организација.
Норис беше многу отворен за тоа што фундаментално не му се допаѓа кај спортот денес:
– Денес, Формула 1 е водена од фактот дека е бизнис, а не желба за подобрување на спортот. Главната цел е да се заработат што е можно повеќе пари. Тоа не е правилен пристап и не е начинот на кој треба да се води спортот. Проблемот е со хибридите, поделбата на моќноста 50-50 и сè што доаѓа со тоа. Тие правила беа воведени затоа што привлекоа нови тимови, што значи поголем профит – истакна Ландо Норис.
Трката за ГН на Унгарија се одржува во недела од 15:00 часот.












