Финансискиот систем во земјава ги задржа стабилноста и отпорноста во 2025 година, и покрај неизвесноста во глобалното окружување, оцени Советот на Народната банка при усвојувањето на извештајот за финансиската стабилност.
Банкарскиот систем ги зголемил солвентноста и капитализираноста, додека ликвидноста останала на задоволително ниво. Стабилност и соодветна солвентност се забележуваат и кај осигурителниот сектор.
Инвестициските фондови втора година по ред се најбрзорастечки сегмент од финансискиот систем, главно поради високите приливи на нови средства.
Ризиците кај домаќинствата и кај корпоративниот сектор се оценети како умерени. Народната банка најавува продолжување на претпазливите монетарни и макропрудентни политики, со фокус на одржувањето стабилен и отпорен банкарски систем.
Советот го усвои и извештајот за ризиците во банкарскиот сектор за вториот квартал од 2026 година, според кој банкарскиот сектор останува стабилен, со висока солвентност и со задоволителна ликвидност.












