ФЕЉТОН: ИЛИНДЕНСКИ СВЕДОШТВА : Малинка Најдова-Велјаноска (3)

    472

    БИОГРАФИЈА

                На илинденски деец Малинка Најдова-Велјаноска од с. Ракитница, општина Демир-Хисарка, околија Битолска.

                Родена сум 20. 2. 1875 година во село Ракитница од крајно бедни родители во младите години доека бев немажена живеевне само од надниците, работевне при турските бегове  во Ново Село и така се издржававне, и како таква уште во мојте млади години се носев со мисли да ќе дојдит еден ден да се ослободам да човек човеку не му бидит роб. Во 1900 година се омажив за Најдо Велјаноски од с. Ракитница. Пошто мојот маж Најдо беше член на Македонското револуционерно движение та и ја постанав член на истото и како таква на четите односев, оружје, храна, обувки, облекла, писма и др. дочекував чети и испраќав, нашата куќа беше првата која и дочекуваше четите и како таква во нашата куќа беше сардисана четата на Велко војвода, тоа беше во 1902 година, од четата изгинаа 6 души и куќата е запалија турските војски и башибозлук пошто во нашата куќа секогаш сумнаа дека стално идат комити, најмногу бев ја тормозена од турските власти, мажот ми Најдо неможејќи да и трпи турските терори беше принуден да излезе нелегален после запалувањето на нашата куќа. Ја и понатака се по усилено соработував со четите нарочито во Илинденското востание и како прва осумничена на три пати бев терана во турскиот мудурлук, во с. Прибилци ме притворија, ме тепаа и пошто не признавав дека работа со четите бев пуштена.

    Ова мисла за ослободуване не можеше да ми излезе од главата затоа бев во врска со четите се до 1912 година кога братскиот српски народ го ослободи овој крај од петстогодишниот тиранин. Али ова небеше права слобода бидејќи великосрпскиот хегемонизам како и великобугарскиот кобурски притисак неможеше да се поднеси и затоа од 1942 година кога почна партизанските одреди да се движат во нашиот крај знаејќи дека ја сум верна револуционерка прво и прво се приближа во нашата куќа и ја иако стара пак се одадов на курирска работа, односев писма до главниот партизански штаб во Крушево, односев храна на партизаните, дочекував и испраќав партизански одреди се до 1944 година кога веќе се остварија нашите мисли, кога веќе сите југословенски народи се дигнаа во борба под раководството на милиот ни водач другарот Тито од која борба имаме полна слобода.

    5 август 1952 година

    Демир Хисар