
Бразилскиот гигант Фламенго ќе се обиде за време на летниот преоден рок да ги осигура услугите на португалскиот интернационалец, Жоао Феликс. Крилниот напаѓач е во сопственост на лондонскиот премиерлигаш Челзи, но вториот дел од актуелната сезона го одработува како позајмен фудбалер во дресот на италијанскиот калчолигаш Милан. Неофицијално, и челниците на Фламенго сакаат прво да го позајмат, а потоа да преговараат за откуп на договорот.