„Фајненшл тајмс“: Западните банки веќе ја разгледуваат можноста за укинување на санкциите против Русија

208

Западни банки разговараат за можноста за укинување на санкциите против Русија по победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД, пишува Financial Times, повикувајќи се на извори.

„Сите само зборуваат за тоа како да тргуваат со Русија и дали ќе бидат укинати санкциите. Трговците во западните банки одеднаш се прашуваат дали сега е можно да се користи рубљата“, ги пренесува весникот зборовите на неименуваниот менаџер, пренесува РИА Новости.

Соговорникот на весникот истакна и дека западните банки се уште користат рубља во офшор трансакции.

Претседателските избори во САД се одржаа на 5 ноември. Кандидат на Демократите беше потпретседателката Камала Харис, додека републиканскиот кандидат беше Доналд Трамп, кој победи.

Според последните проекции на американската агенција АП, Трамп на претседателските избори освоил 295 електорски гласови и ја победил кандидатката на Демократската партија Камала Харис која освоила 226 електори.