На 15 март во НОБ!
После повеќе од 100 концерти во 12 земји низ Европа и Азија, групата “ABBA TRIBUTE“ доаѓа во Скопје поради спектакуларен двочасовен концерт кој ќе се случи на 15 март, во „Национална опера и балет“.
Шоуто е целосно уникатно и ја доловува магијата на легендарната шведска група ABBA, која се прослави со тријумфалната победата на Песна на Евровизија со хитот “Ватерло“ во далечната 1974 година. Трибјут-АББА настапува во оригинални костими, имаат и оригинална кореографија а, изведбите на песните скоро да се 100 насто исти како што ги интерпретираат двете женски од шведскиот квартет. Публиката ќе ја има можноста да ужива во вечните хитови на АББА, како што се и: Chiquitita, Dancing Queen, Mamma Mia, S.O.S, Knowing Me Knowing You, The winner takes it all. и многу, многу други. Секоја песна е изведена со автентичност и емоција, оставајќи впечаток дека времето запрело и дека AББA повторно е на сцената и тука кај нас во Македониј, и ако никогаш во Скопје не настапија додека постоеа.
Мора да се признае дека ABBA е еден од највлијателните и најобожавани бендови на сите времиња. Нивната музика живее и денес и на секаде се пеат нивните песни. Со милиони продадени албуми, безвременски хитови и препознатлива сценска енергија, тие остануваат музичка икона низ целиот свет. А, ABBA-TRIBUTE е добро осмислен проект создаден за да го оживее духот на овие легендарни ѕвезди, пренесувајќи ја нивната магија низ динамични настапи. Едно искрено музичко совршенство и спектакуларна сценска продукција.
Она што го издвојува ABBA-TRIBUTE од останатите трибјут бендови е нивниот ексклузивен формат наречен ABBA-STRINGS. Ова е посебна верзија на шоуто каде што најголемите хитови на AББA се изведуваат со придружба на жичан октет, создавајќи уште подлабоко и поемотивно музичко доживување. Ова е ретка можност за публиката да ја почувствува музиката на ABBA во една поинаква, елегантна и дури симфониска димензија. Ова шоу не е само обичен концерт. Тоа е целосно музичко и визуелно доживување што ја оддава најголемата можна почит кон AББA. Со тоа се продолжува нивната музика во современ контекст без да ја изгуби оригиналната магија, а вниманието кон секој детаљ го прават концертот да биде незаборавен. Така да ABBA-TRIBUTE не е само уште едно трибјут-шоу, туку автентична, внимателно дизајнирана музичка изведба што ги оживува емоциите и возбудата од најдобрите денови на шведскиот квартет ABBA. Со право се вели дека е уникатно музичко доживување!