Еврото продолжува да губи вредност во однос на американскиот долар, под притисок на растот на приносите на американските државни обврзници и зголемената неизвесност на европските финансиски пазари.
Во текот на европската трговска сесија во четвртокот, 8 октомври, еврото ослабе за 0,16 отсто, а валутниот пар EUR/USD се тргуваше околу 1,1178 долари за едно евро, покажуваат податоците на „Еф-екс стрит“.
Дополнителен притисок врз европската валута создаваат очекувањата поврзани со инфлацијата и фискалните предизвици во еврозоната. Во исто време, претставниците на Европската централна банка оценуваат дека инфлациските притисоци и натаму, главно, се поврзани со поскапувањето на енергенсите, без јасни знаци дека се прелеваат врз платите и врз пошироките потрошувачки цени.
Инвеститорите внимателно ги следат движењата на приносите на американските обврзници, кои му даваат дополнителна поддршка на доларот, додека неизвесноста околу економските и инфлациските перспективи во еврозоната останува висока.












