петок, август 21, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Европејците складираат кеш: Стравот од војна, пожар и сајбер напади ги зголемува...

Европејците складираат кеш: Стравот од војна, пожар и сајбер напади ги зголемува залихите

1

Количината на готовина што граѓаните во Европа ја чуваат како резерва расте и покрај зголемената употреба на картички и мобилни плаќања, а експертите го поврзуваат овој тренд со загриженоста за војни, природни катастрофи и можни сајбер напади што би можеле да ги оневозможат дигиталните системи за плаќање.

Главниот економист на Европската централна банка (ЕЦБ), Филип Лејн, изјави дека вкупниот број на банкноти во оптек продолжува да расте иако готовината се користи сè помалку за секојдневните трансакции, пишува Гардијан.

– Вкупниот број на банкноти продолжува да расте. Во трансакциите, нивниот број опаѓа, но вкупниот износ расте – рече Лејн на конференцијата на Летната школа Мекгил во Ирска.

Според податоците на ЕЦБ, вредноста на евро банкнотите во оптек се зголемила од околу еден трилион евра во 2016 година на приближно 1,6 трилиони евра, додека бројот на банкноти во оптек надминал 31 милијарда.

Растот на залихите на готовина се случува во исто време кога нивната употреба во секојдневните купувања опаѓа. Побарувачката за физички пари е особено голема во време на криза и неизвесност, кога граѓаните ја гледаат готовината како безбедна резерва во случај на проблеми со електричната енергија, интернетот или банкарските системи.

Загриженоста е дополнително зголемена поради војните, големите пожари и поплавите во Европа, како и кибер нападите што можат привремено да ги оневозможат електронските плаќања.

Европската унија минатата година препорача граѓаните да бидат подготвени да функционираат независно најмалку 72 часа во случај на сериозна криза, вклучувајќи природни катастрофи, кибер напади или други безбедносни закани.

Меѓу предметите што домаќинствата треба да ги имаат се вода, конзервирана храна, радио на батерии и готовина.

ИЗДВОЕНИ