понеделник, октомври 26, 2026
Дома СКОПСКА Карпош ги отвора вратите кон нови европски можности

Карпош ги отвора вратите кон нови европски можности

86

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, оствари работна средба со градоначалникот на Општина Витина од Република Косово, Сокол Халити, на која биле отворени нови можности за заедничка и прекугранична соработка.

– Во фокусот беа можностите за заедничко аплицирање на јавни повици и искористување на европските фондови за прекугранична соработка, со цел реализација на проекти што ќе имаат конкретна корист за граѓаните. Животната средина и туризмот се меѓу областите со најголем потенцијал за идни заеднички проекти – соопштија од Општина Карпош.

Притоа, додаваат дека преку поврзување на искуствата, ресурсите и потенцијалите на двете општини, се отвора простор за нови иницијативи, одржлив развој и за создавање подобри услови за локалните заедници.

На средбата учествувале и претставници од релевантните сектори на двете општини, при што биле разменети искуства и информации за работата на локалните самоуправи, нивните надлежности и за можностите за идно партнерство.

– Партнерствата меѓу локалните самоуправи се можност за повеќе идеи, повеќе проекти и за подобро искористување на европските средства. Карпош продолжува да гради мостови на соработка и да ги отвора вратите кон нови европски можности – велат од локалната самоуправа.

 

ИЗДВОЕНИ