Кошаркарите на Хапоел Тел Авив ја завршија сезоната во Евролигата во четврт-финалето откако беа поразени од Реал Мадрид со 3:1 во серијата. Израелскиот тим ги играше своите натпревари во соседна Бугарија, поради војната на Блискиот Исток.
Играчите и тренерскиот штаб, конечно, може да се вратат дома по завршената сезона, но условите таму се специфични.
Како што објави израелскиот „Спорт 5“, помошникот на Димитрис Итудис, Стефанос Дедас, наишол на неверојатна глетка во својот стан. Имено, во текот на двата месеци додека бил отсутен од Тел Авив, друго семејство се преселило во неговиот стан.
Спорниот стан му бил изнајмен од клубот во текот на оваа сезона, но, очигледно, било решено да го изнајмат во негово отсуство. Што се однесува до другите станови, тие не биле изнајмени, само Дедас се соочил со зачудувачка ситуација.
Како што е објавено, некои од становите на играчите биле, исто така, понудени за изнајмување, но не биле изнајмени. Дедас беше главен тренер на Хапоел пред доаѓањето на Димитрис Итудис и го водеше до освојувањето на Еврокупот и лиценцата за Евролигата, а сега ќе мора да живее во хотел до понатамошното известување.
Искусниот грчки стручњак во својата кариера беше дел од тренерските штабови на многу европски клубови, како што се Фенербахче, ЦСКА, ПАОК, Газијантеп, Арис, додека самостојно ги водеше Газијантеп, Башчешехир, Хапоел Холон и АЕК.











