Новата седмица која што ни доаѓа низ целиот Европски Континент вклучувајќи го и Балканот а со тоа секако и Македонија ни носи нагла и огромна промена на времето, обилни врнежи, бурен ветер како и огромен пад на температурите и за повеќе од 15 степени. Од северозапад ќе ни се спушти многу поладен воздух кој ќе ги спушти температурите значително под просекот за месец мај, најави Славчо Попоски.
Покрај огромниот пад на температурите на воздухот ќе има и локална појава на невреме, па дури и појава на планински снег на Балканот, а обилни врнежи од снег, Попоски очекува да има во Алпскиот регион.
На метеоролошката карта може да видиме дека во најголем дел од Европскиот Континент и на Балканот ќе имаме обилни врнежи и како што претходно кажав ќе има и појава на планински снег.
Оваа нагла и огромна промена на времето особено лошо ќе се одрази врз метеопатите кои имаат поголеми здравствени проблеми, алармира метеорологот.












