Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе нова одлука со која малопродажните цени на нафтените деривати во просек се зголемуваат за 2,86% во однос на претходната одлука од 7 септември.
Според новата одлука, која стапува на сила од 15 септември 2026 година од 00:01 часот, цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 3,50 денари по литар, додека цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) бележи најголемо зголемување од 4,50 денари по литар. Мазутот М-1 НС поскапува за 2,242 денари по килограм.
Единствено поевтинување има кај дизел горивото, чија цена се намалува за 2,00 денари по литар.
Максимални цени на нафтените деривати од 15.9.2026 година:
ЕУРОСУПЕР БС – 95: 100,50 ден/литар
ЕУРОСУПЕР БС – 98: 102,50 ден/литар
ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V): 99,00 ден/литар
Екстра лесно 1 (ЕЛ-1): 109,50 ден/литар
Мазут М-1 НС: 48,243 ден/килограм












