недела, ноември 22, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА ЕУ воведува построги правила за брзи кредити и купување на рати

ЕУ воведува построги правила за брзи кредити и купување на рати

1

Од 20 ноември, во Европската Унија почнува примената на новите правила за потрошувачките кредити, со кои се засилува заштитата на граѓаните од прекумерно задолжување.

Кредиторите ќе мора да ја проверуваат финансиската способност за отплата, дури и кај кредити помали од 200 евра, а правилата ќе ги опфатат и краткорочните заеми и услугите „купи сега, плати подоцна“.

Потрошувачите ќе имаат право да се откажат од договорот во рок од 14 дена, како и да побараат човечко преиспитување на автоматски донесена одлука за кредит.

Новите правила не се применуваат автоматски во Македонија, каде што потрошувачките кредити и купувањето на рати продолжуваат да се регулираат според домашното законодавство.

ИЗДВОЕНИ