четврток, септември 24, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Есента утрово ги покажа забите, минусни температури во делови на Македонија

Есента утрово ги покажа забите, минусни температури во делови на Македонија

0

Есента утрово ги покажа забите – температурите во некои делови на Македонија се спуштија речиси до точката на замрзнување, иако подоцна во текот на денот се очекува вистински сончев септемвриски ден.

Според податоците на Републичкиот хидрометеоролошки завод во Берово изутринава се измерени -2 степена, а на Попова Шапка 0. Најтопло, пак, е во Гевгелија со 12 и во Скопје со 7 степени.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 25 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне до 23 степени.

ИЗДВОЕНИ