четврток, ноември 12, 2026
Дома БАЛКАН СМС предупредување за граѓаните на Риека: Гори отпад – „затворете ги прозорците“

СМС предупредување за граѓаните на Риека: Гори отпад – „затворете ги прозорците“

25

Управата за цивилна заштита во Хрватска утринава нешто пред пет часот испрати предупредување до граѓаните поради пожар што го зафати отпадот во фабриката „Метис“ во Кукуљаново кај Риека и ширењето на чадот.

На граѓаните им се препорачува да ги затворат прозорците и да избегнуваат престој на отворено и изложеност на чад, пренесува „Индекс“.

На некои предупредувањето им пристигнало во 4:45 часот, а на некои во 5:35 часот. Предупредувањето било испратено на хрватски, англиски и германски јазик.

Предупредувањето е испратено за подрачјето на градот Бакар, како и за општините Чавле и Кострена. Аларм добиле и жителите на Краљевица и дел од подрачјето на Цриквеница.

ИЗДВОЕНИ