вторник, јули 28, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Ердоган: Анкара сака во најкус можен рок да потпише енергетски договор со...

Ердоган: Анкара сака во најкус можен рок да потпише енергетски договор со Ирак

0
EPA/NECATI SAVAS

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во понеделник изјави дека Анкара сака што поскоро да потпише сеопфатен договор за енергетска соработка со Ирак.

На заедничката прес-конференција по разговорите со ирачкиот премиер Али ал-Заиди во Анкара, Ердоган рече дека целта на двете земји е да постигнат нов енергетски договор што ќе им користи на двете страни, откако сегашниот договор за работењето на нафтоводот Киркук-Џејхан истече во понеделник, објави Ројтерс.

„Договорот за нафтоводот Ирак-Турција истече вчера. Нашата цел е што поскоро да потпишеме сеопфатен енергетски договор што ќе им користи на двете страни“, рече Ердоган.

ИЗДВОЕНИ