Емина Јаховиќ го тужи поранешниот сопруг Мустафа Сандал – Поради неисплатени алиментации

1957

Многу згодната српско-турската поп-пејачка Емина Јаховиќ (родум од српскиот град Нови Пазар) а, која инаку, често настапува во Македонија, од како се разведе од популарниот турски музичар Мустафа Сандал има постојано проблеми. Најголемиот проблем е тој што Мустафа не плаќа алиментација за своите два сина кои судски ѝ припаднаа на Емина. Сега Емина поднесе тужба со која ќе бара да бидат исплатени сите заостанати алиментации, а тоа се многу пари.

-Не ми е гајле дали Мустафа има сега пари или нема. Нека се снајде. И јас се снаоѓав после разводот. Должен е на синовите се да им исплати, до последното евро. Мене тие неговите пари не ми требаат. Синовите ќе почнат да живеат самостојно, а токму тие пари ќе им бидат од голема корист.

Сепак, Мустафа Сандал на Емина ѝ возвраќа со контратужба. Според турските медиуми, тој наводно доставил документација со која се докажува дека од разводот исплатил вкупно 1,8 милиони турски лири, што е приближно околу 115.000 евра. Тој е сега во новата љубовна врска со Турчинката Шутшуруп, а Емина ќе мора да причека на исплата на парите. Сандал поготвува голема народна турска свадба со ора и чочеци, па парите му се одлеваат во таа, свадбарска насока.   (Д.М.)

 

 

ИЗДВОЕНИ