Обилните дождови поврзани со временскиот феномен Ел Нињо предизвикаа поплави во Перу, отежнувајќи го пристапот на туристите до древниот град на Инките, Мачу Пикчу, објавија локалните медиуми.
Автопатите беа затворени поради лизгање на земјиштето, а домовите беа поплавени во главниот град Лима, објави Ројтерс.
Перуанските власти наредија Патеката на Инките, главната туристичка рута до Мачу Пикчу, да биде затворена до сабота поради вода на патиштата и купишта ѓубре, наведоа локалните медиуми.












