четврток, август 20, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Скопските пожарникари на пат кон Мариово, се вклучуваат во гаснењето на пожарот!

Скопските пожарникари на пат кон Мариово, се вклучуваат во гаснењето на пожарот!

186
Фото: Фејсбук Орце Ѓорѓиевски

Екипи на скопската Противпожарна бригада заминуваат кон Мариово, каде што ќе им се приклучат на пожарникарите и останатите екипи кои се борат со големиот пожар што повторно се разгоре во овој регион.

Во овие тешки мигови, кога огнената стихија се заканува на Мариово и на цели населени места, нашите херои повторно се таму каде што се најпотребни.

Конвој на Противпожарната бригада на Град Скопје тргнува кон Мариово, во помош при гаснењето на еден од најголемите и најризични пожари со кои во моментов се соочува Македонија, информираше на социјалните мрежи градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

На барање на директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, без двоумење и веднаш испраќаме помош!

Кога гори македонска земја, нема граници, Има само една обврска – да бидеме заедно, да си помогнеме и да го заштитиме секој човечки живот, секој дом и секоја педа од нашата татковина.

Овие луѓе одат директно пред огнената стихија, со храброст и со една цел да спасат животи, домови, шуми и цели села.

Нивната униформа е симбол на пожртвуваност. Нивната храброст е гордост за Скопје и за цела Македонија.

Во ова сме сите заедно.

Скопје ќе помогне секогаш, секаде и на секој кому му е потребна помош.

Посакувам безбеден пат на нашите пожарникари.

Бог да ги чува нашите херои, нивните колеги и сите луѓе кои деновиве се на првата линија во борбата со пожарите низ Македонија, додава Ѓорѓиевски..

ИЗДВОЕНИ