Канадскиот премиер Марк Карни одржа говор во Европскиот парламент и по неговото завршување доби силни овации – од речиси сите пратеници, освен од оние од крајната десница.
Откако Урсула фон дер Лајен ја спомена Канада како придружна членка на Европската Унија за време на нејзиниот говор за состојбата на Унијата, пратеници од крајната десница и од левицата изразија негодување, тврдејќи дека „таа немала добиено мандат за тоа“. Ова противење продолжи и за време на самиот настан.
Someone in the European Parliament yells “USA! USA!” as Canada’s PM Mark Carney is about to begin his speech.
Carney laughs. pic.twitter.com/noOpL597ed
— Clash Report (@clashreport) September 17, 2026
Кога Карни застана пред пратениците, некој од делот на крајната десница почна да извикува „САД, САД“, јасно ставајќи до знаење што мисли за идејата Канада да биде придружна членка. Сепак, Карни остана смирен, тој едноставно се насмевна и го започна својот говор.
Покрај тоа, членови на партијата АфД (AfD) го попречија говорот влегувајќи во салата додека тој траеше, гласно поздравувајќи се и гестикулирајќи, сè додека службените лица не ги опоменаа.
На самиот крај, сите му аплаудираа на Карни, освен пратениците од крајната десница, кои останаа на своите места.












