петок, јуни 5, 2026
Дома СВЕТ Експлозија во Лиеж: Оштетена е синагога, испукани се прозорците на околните...

Експлозија во Лиеж: Оштетена е синагога, испукани се прозорците на околните згради – антитерористички тим на полиција е на терен

34

Синагога во белгискиот град Лиеж е оштетена од експлозија рано утрово, а нема информации за повредени во инцидентот, чија причина е непозната.

Според телевизиските станици VRT и RTBF, локалната полиција соопшти дека експлозијата се случила околу 4 часот наутро по локално време, а покрај прозорците на синагогата, скршени се и прозорци во блиските згради.

Градоначалникот на Лиеж, Вили Демејер, го нарече инцидентот „екстремно целен чин на антисемитизам“, објави „Ројтерс“.

Специјален антитерористички тим на полицијата го истражува инцидентот.

ИЗДВОЕНИ