Францускиот тенисер Корентин Муте беше казнет со 40.000 долари за несоодветно однесување за време на прес-конференцијата на турнирот во Квинс.
Откако го победи сонародникот Џовани Мпески Перикар во првото коло со резултат 6:7 (5), 6:4, 7:6 (5), Муте коментираше за еден од најбрзите сервиси на противникот.
„Кога ми сервираше со 228 километри на меч топката, си помислив: „Е*емте“. Ќе морам да сервирам“, рече Французинот.
Новинарката Џени Драмонд потоа го предупреди да не користи пцовки, но Муте го повтори контроверзниот израз уште неколку пати на реакцијата на публиката. Подоцна повторно го употреби кога одговараше на едно од прашањата.
Поради тој инцидент, 36-тиот тенисер во светот беше казнет со 40.000 долари, што е речиси целиот износ на наградата што ја освои со пласманот во шеснаесетфиналето на турнирот, каде што заработи 43.000 долари.












