петок, јуни 5, 2026
Дома СПОРТ Двајца Македонци во идеалниот тим на Југославија за СП 2026

Двајца Македонци во идеалниот тим на Југославија за СП 2026

33

Англискиот портал Гив ми спорт состави хипотетички список од 26 фудбалери од поранешна Југославија кои, според нив, би оделе на Светското првенство во Канада, САД и Мексико. Интересно, место во авионот за СП 2026 би имало и за двајца репрезентативци на Македонија, Столе Димитриевски и Елиф Елмас. Освен конечниот список со фудбалери, порталот даде детално објаснување зошто тие играчи би го носеле дресот на Југославија на најважниот спортски настан во 2026 година.

ГОЛМАНИ

Првата голманска позиција речиси сигурно би му припаднала на Словенецот Јан Облак од Атлетико (М), еден од најдобрите голмани во светот. Тој би имал силен конкурент во српскиот репрезентативец Вања Милинковиќ-Савиќ од Торино. Третиот избор би бил Столе Димитриевски од Македонија, кој брани за Валенсија.

ДЕФАНЗИВЦИ

Одбраната се смета за најслаб дел од овој имагинарен тим, но и тука има неколку истакнати имиња. Главна ѕвезда би бил Јошко Гвардиол, редовен играч во првиот тим на Манчестер сити. Заедно со него од Хрватска би бил Јосип Станишиќ од Баерн (М).

Србија би ја претставувале Страхиња Павловиќ од Милан и Никола Миленковиќ од Нотингем форест. Другите места би биле пополнети од Сеад Колашинац од Аталанта, БиХ, Јака Бијол од Лидс јунајтед, Словенија, Марин Понграчиќ од Фиорентина, Хрватска и Амар Дедиќ од Бенфика, БиХ.

СРЕДЕН РЕД

И покрај тоа што има 40 години, освојувачот на Златната топка, ѕвездата на Милан, Лука Модриќ, е сè уште од светска класа и би бил клучен дел од средниот ред. Хрватскиот контингент би ги вклучувал и Матео Ковачиќ од Манчестер сити, Марио Пашалиќ од Аталанта и Никола Влашиќ од Торино.

Српското трио во составот би го сочинувале Сергеј Милинковиќ-Савиќ од Ал Хилал, Немања Гудељ од Севиља и Саша Лукиќ од Фулам, а тука е и Елиф Елмас од РБ Лајпциг, претставник на Македонија.

НАПАЃАЧИ

Во нападот, модерна Југославија би имала неколку опции. Главен адут би бил Словенецот Бенјамин Шешко од Манчестер јунајтед, додека 40-годишниот босански ветеран Един Џеко од Шалке, исто така, би се натпреварувал за место во врвот на нападот.

Ѕвездата на Јувентус, Душан Влаховиќ, од Србија, е уште една опција за позицијата број девет. Исто така, има двајца напаѓачи од шпанската лига, Ведат Муриќи од Мајорка, Косово, и Анте Будимир од Осасуна, Хрватска, кои постигнаа вкупно 40 голови оваа сезона. Листата ја заокружуваат Андреј Крамариќ од Хофенхајм и 37-годишниот крилен напаѓач на ПСВ, Иван Перишиќ.

ИЗДВОЕНИ