петок, февруари 13, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Двајца повредени во сообраќајка кај Пробиштип

Двајца повредени во сообраќајка кај Пробиштип

78

Вчера во 10.30 часот во Полициската станица Пробиштип било пријавено дека на регионалниот пат Р-1205, кај Пробиштип, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „матиз“ со кратовски регистарски ознаки, управувано од Г.Т.(63) од Кратово и трактор „махиндра“ со пробиштипски регистарски ознаки, управуван од С.Н.(52).

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од патничкото возило „матиз“ М.Т.(61) од Кратово, а со телесни повреди возачот Г.Т., констатирани во Клиничката болница Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Пробиштип.

ИЗДВОЕНИ