Дваесетина лидери доаѓаат на воената парада во Москва, но Зеленски не им  гарантира безбедност

518

ЕУ утре ќе го одбележи Денот на Европа, кој има посебно значење, бидејќи означи пресвртница во односите меѓу европските земји и го отвори патот за создавање заедница на држави на тој континент. Во Русија, истиот ден фокусот е на прославата на Денот на победата во Втората светска војна, а централниот настан е грандиозна воена парада на Црвениот плоштад во Москва. Поради парадата на барање на Путин во средата во 11 часот по средноевропско време требаше да почне тридневното примирје во војната со Украина, но Киев не го прифати и пријави дека руските водени сили извршиле напади во неколку региони

 

Поминаа 80 години од крајот на Втората светска војна означен со безусловната капитулација на Хитлерова Германија.

Капитулацијата на Германија стапи на сила на 8 мај 1945 година, еден час пред полноќ, поточно во 23 часот и една минута по средноевропско време, но бидејќи во тој момент по московско време веќе беше 9 мај, Русија и неколку други земји победата над фашизмот ја слават на тој ден. Европа, пак, 9 мај го одбележува како Ден на Европа, во спомен на декларацијата на францускиот министер за надворешни работи Роберт Шуман од 1950 година, што се смета за прв официјален чекор во создавањето на Европската Унија. Годинава се одбележуваат 75 години од Декларацијата на Шуман, која се заснова на два основни принципа: мир и солидарност. Во Унијата Денот на Европа има посебно значење, бидејќи означи пресвртница во односите меѓу европските земји и го отвори патот за создавање заедница на држави на тој континент. Во Русија, утре фокусот ќе биде на прославата на Денот на победата во Втората светска војна, а централниот настан е грандиозна воена парада на Црвениот плоштад во Москва.

Европа својот ден ќе го прослави со низа свечености, додека пак прославата на победата над фашизмот, во Русија, нема да биде посетена како обично. Поради војната во Украина, многу европски земји ја бојкотираат оваа прослава. Од 29-мина најавени лидери, денеска неколкумина го откажаа присуството, а во Москва вeќе  пристигнаа кинескиот претседател Си Џинпинг и бразилскиот Луиз Инасио Лула да Силва. Доаѓање најавија и претседателите на десетици земји традиционални сојузници на Русија, како што се Казахстан, Белорусија, Ерменија, Куба и Венецуела. Од земјите на ЕУ ќе присуствува само претседателот на Словачка, Роберт Фицо, а претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ќе биде единствениот присутен од нашиот регион.

Воената парада за Денот на победата на „Црвениот плоштад“ последниве години служеше и како кулиса зад која рускиот претседател Владимир Путин го прославуваше успехот на војната во Украина иако бројот на руски жртви растеше. Поради парадата на барање на Путин во средата во 11 часот по средноевропско време требаше да почне тридневното примирје во војната со Украина. Но украинското раководство го отфрли тој предлог и рече дека не може да ја гарантира безбедноста на посетителите на парадата. Поради серијата украински напади со беспилотни летала, според податоците на руското здружение на туристички агенции „Атор“, од вторникот се откажани најмалку 350 летови. Меѓу другото, погодени беа аеродромите во Санкт Петербург и во Москва.

Во вечерното видеообраќање во вторникот претседателот на Украина, Володимир Зеленски, го повтори предлогот поддржан и од САД, да почне 30-дневен прекин на непријателствата. Украина денеска пријави руски напади на одредени региони и покрај примирјето што го најави Путин.

ИЗДВОЕНИ