понеделник, септември 28, 2026
Дома СВЕТ Русија го бомбардираше Харков, повредени се 22 лица, гаѓан е и Киев

Русија го бомбардираше Харков, повредени се 22 лица, гаѓан е и Киев

1
EPA/MAXYM MARUSENKO

Најмалку 22 лица се повредени во руски бомбашки напад врз Харков, вториот по големина град во Украина, соопшти денеска градоначалникот Игор Терехов. Пријавен е напад и во Киев, каде што дрон погоди бензинска пумпа, соопштија градските власти.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на платформата „Икс“ (X) објави дека во Харков бил извршен „брутален напад врз станбена зграда“, а дека во Киев биле оштетени станбени објекти и комуникациска инфраструктура.

Зеленски исто така извести за напади во регионите Одеса, Житомир, Суми и Ривне.

Тој понатаму наведе дека во нападите имало и жртви.

ИЗДВОЕНИ