среда, ноември 25, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Дурмиши: Западен Балкан треба да ѝ стане конкурентен индустриски партнер на ЕУ

Дурмиши: Западен Балкан треба да ѝ стане конкурентен индустриски партнер на ЕУ

0

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, учествуваше на министерски состанок посветен на конкурентноста и на економската конвергенција на Западен Балкан, во Тирана, во рамките на Планот за раст на Европската Унија. Во фокусот на разговорите беа регионалната соработка, индустриската интеграција и забрзаното вклучување на земјите од регионот во единствениот европски пазар преку иницијативата „Сингл маркет хајвеј“.

Домаќин на состанокот беше министерката за економија и иновации на Албанија, Делина Ибрахимај, а учествуваа министрите за економија од шесте земји на Западен Балкан и Керстин Јорна, генерална директорка на Генералниот директорат за внатрешен пазар, индустрија, претприемништво и мали и средни претпријатија при Европската комисија.

Во своето обраќање, Дурмиши ја истакна важноста на регионалната соработка, индустриската трансформација и на интеграцијата на домашните компании во европските синџири на вредност. Според него, овие процеси се клучни за постигнување одржлив економски раст и за создавање поквалитетни работни места.

ИЗДВОЕНИ