„Дубиоза Колектив“ објави нова песна и видео со наслов „Јебига“, кои се осврнуваат на влијанието на вештачката интелигенција и технологијата врз современото општество.
Музиката и текстот на песната се од Брано Јакубовиќ, додека видеото е режирано од Ведран Мујагиќ. Видеото сатирично гледа на зголемената зависност на општеството од технологијата и вештачката интелигенција, што е честа тема во работата на бендот.
Синглот „Је.ига“ е оригинално дело на членовите на „Дубиоза Колектив“, а придружното видео вклучува појавување на Ѓипал Јунуз со легендарниот хепек од „Топ листа надреалиста“, создавајќи врска помеѓу ерата на апсурдот и денешната ера на алгоритми и паметни уреди.
Видеото е снимено со поддршка на основното училиште „Храсно“ во Сараево.
Песната, преку ироничен текст, го доведува во прашање односот меѓу луѓето и технологијата и сугерира дека вештачката интелигенција сè повеќе ја презема улогата на донесување одлуки и размислување во секојдневниот живот.
Рефренот ја повторува пораката за свет во кој, како што наведува песната, „веќе не ни требаат книги“ и во кој вештачката интелигенција е „сега газда“.












