Пред свадбената церемонија Липа ќе заврши со својата светска турнеја во рамките на која имаше во план да настапи и кај нас во Македонија, но сепак не се најде ниту еден единствен слободен термин. Наместо неа, ако е тоа за утеха, во Охрид ова лето со спектакуларен концерт (на стадионот “Билјанини извори), ќе настапи Рита Ора, исто така популарна Албанка од Приштина, која со интернационалната пејачка кариера, како и Липа, се стекна во Лондон.
Поп-пејачката Дуа Липа која има планетарна популарноста е Албанка од Косово, а својата музичка слава во кус период је стекна на британската естрада. Родена е во албанско семејство со потекло од Приштина. Нејзините во времето на распадот на Југославија се доселија во Лондон и тука останаа. Татко ѝ Дукаѓин Липа пред тоа беше познат Косовски пејач. Нејзиното име во преводот на македонски значи – љубов! А, самата пејачка е целата создадена од љубов и за љубов. Таа денови токму таа љубов која на сите им е потребна во ова време-невреме и официјално ќе ја подари на својот долгогодишен вереник, згодниот актер Калум Тарнер.
Тие наскоро ќе организираат раскошна свадба во Палермо, Италија. Спектакуларната свдба на Дуа и Калум за која веќе се зборува дека ќе биде свадба “на годината“, ќе се случи во луксузната “Вила-Игеа“. Во вилата ќе бидат сместени и сите поканети ексклузивни гости меѓу кои ќе има и поголем број познати личности од светскиот шоу-бизнис.
Веста за нивната свадба ја потресува британската музичка јавност, а растреперени се и многубројните обожаватели, но и роднини на Липа, од Приштина. И тие ќе бидат поканети, но не сите. Само одбраните за кои Липа смета дека кога ѝ било најтешко и помогнале во животот. Особено во она време на распадот на Југославија, кога семејно се преселиле во Лондон.
По повод свадбата за која Липа не жали да потроши цело едно богатство, вели дека е многу среќна што животот ќе го помине со својот сакан Калум Тарнер. – Да се веселиме и радуваме на животот. Се ми е многу интересно. Одлуката да стапиме во брак, да растеме заедно до смртта, за да го видиме животот и при тоа да бидеме најдобри пријатели засекогаш, тоа е за мене некое посебно чувство, изјави радосната Липа, за британскиот “Вог“. Мегапопуларната секси пејачка зборува и за децата кои многу ги сака. Има голема желба да се реализира како мајка. – Тоа е смислата на животот. Што ми вредат парите и популарноста ако немам деца. Не знам колку ќе имам, ама силно посакувам и девојче и момче. Истото го мисли и мојот иден сопруг. За него татковството е нешто свето, како и за мене мајчинството. Но, секогаш се прашувам кога е вистинското време за тоа да бидеме родители, јас и Тарнер?
Пред свадбената церемонија Липа ќе заврши со својата светска турнеја во рамките на која имаше во план да настапи и кај нас во Македонија, но сепак немаше ниту еден единствен слободен термин. Наместо неа, ако е тоа за утеха, во Охрид ова лето со спектакуларен концерт (на стадионот на “Билјанини извори“ во организација на “Прагма-продукција“) ќе настапи Рита Ора, нејзината добра естрадна колешка, исто така популарна Албанка од Приштина, која со интернационалната пејачка кариера, како и Липа, се стекна во Лондон.
Пејачката деновиве истакнува дека никогаш не била некоја која размислувала за свадбата или сонувала за тоа каква невеста сака да биде. – Наеднаш сето тоа ми се заврте во мозокот. Без свадба не бива, кога силно се сакаат двајцата луѓе, секако маж и жена. Годините не се ни важни, само искрената љубов. Така налага нашата семејна албанска традиција! Но, одеднаш како и кај секоја жена ми се наметна и прашањето: “Што ќе облечам на свадбата од како ќе заврши оној протоколарен дел во венчаницата? Вистинска мака е тоа за мене, хахахаааа….(слатко се смее).
Д.М. / фото: архива-Инстаграм-ФБ












