Државите од Персискиот Залив започнаа рунда директни разговори со Иран и, индиректно, едни со други, за да дефинираат нова рамка за регионален соживот по војната. Според дипломати и експерти цитирани од британскиот портал „Телеграф“, ова би можело да доведе до регионално разбирање без мешање од САД.
Првите состаноци се одржаа меѓу Иран и Оман, Оман и Катар, Иран и Саудиска Арабија, а потоа меѓу Катар и Ријад, и се фокусираа на регионалната безбедност, управувањето со Ормутскиот теснец и потенцијалните финансиски стимулации што државите од Персискиот Залив би можеле да му ги понудат на Иран во замена за безбедносни отстапки
Овие разговори се одвиваат паралелно, но одделно, од преговорите меѓу Вашингтон и Иран за долгорочен мировен договор, со рок до крајот на август..
Според експертите кредибилитетот на САД „значително се намалил“ и дека во главните градови на земјите од Заливот се зацврстила идејата за „едноставно“ постигнување договор со Техеран, дури и ако тоа значи „постигнување наш сопствен договор“ без Вашингтон.
Во овој контекст, разгледани се предлози како што е шемата „такса за услуги“ во Ормутскиот теснец (за расчистување на мини, ублажување на еколошките последици, пристанишни такси или осигурување), и покрај инсистирањето на американскиот претседател Доналд Трамп дека нема да прифати никакви такси и фактот дека меѓународен поморски договор забранува патарини, освен за специфични услуги што се обезбедуваат на брод.
Аналитичарите истакнуваат дека монархиите од Персискиот Залив веруваат дека Иран нема да се откаже од Ормутскиот теснец како средство за влијание и сугерираат дека земјите од Персискиот Залив се подготвуваат да „ја преземат контролата“ врз регионалните водни патишта.












