Воздушниот сообраќај на аеродромот во Минхен беше прекинат во саботата наутро поради сомнение за појава на дрон, што доведе до големо полициско присуство на земја. Двајца пилоти пријавија можно присуств на дрон во близина кратко по 9 часот наутро, објави „Еуроњуз“.
Портпаролот на полицијата потврди за агенцијата „Франс Прес“ дека одлуката за привремено затворање е донесена откако пилотите го пријавиле дронот. „Во координација со германската контрола на воздушниот сообраќај, безбедносните служби потоа одлучија да ги затворат пистите“, рече тој.
Прекинот траел околу еден час. Портпаролот на аеродромот изјави за АФП дека летовите се обновени околу 10:05 часот наутро, додавајќи дека службите за итни случаи не пронашле закана за јавноста.
Аеродромот во Минхен веќе се соочуваше со слични проблеми. Во октомври, беше затворен двапати за само 24 часа поради сомневање за дронови.












