Дваесет и деветгодишен турист од Босна и Херцеговина е уапсен откако им се заканувал на минувачи со пиштол во Рим, објавија италијанските медиуми.
Државјанинот на БиХ бил вооружен и со нож, а во неговата хотелска соба биле пронајдени дополнителни куршуми за пиштолот; самиот пиштол веќе бил наполнет со 12 куршуми, објави „Кориере дела сера“ (Corriere della Sera).
Полицијата во неговата хотелска соба пронашла и кетамин и хашиш, пренесува „Танјуг“.
Весникот наведува дека мажот предизвикал паника меѓу минувачите во центарот на Рим – во близина на Колосеумот и плоштадот Венеција – заканувајќи им се со пиштолот.
Тој беше уапсен во вторникот откако туристи го пријавиле.
Давал отпор при апсењето и се обидел да побегне.











