понеделник, септември 14, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Драма во автобус на ЈСП: Патник го нападнал возачот

Драма во автобус на ЈСП: Патник го нападнал возачот

259

Возач на автобус на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) бил физички нападнат од патник на автобуска постојка во скопската населба Кисела Вода, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според МВР, на 30 јули во СВР Скопје, 59-годишниот М.С. од селото Бардовци пријавил дека претходната вечер, околу 22:00 часот, додека ги извршувал своите работни задачи како возач на автобус на ЈСП, на автобуска постојка на подрачјето на Кисела Вода бил физички нападнат од едно лице кое претходно се превезувало во автобусот.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот и идентификување на напаѓачот.

ИЗДВОЕНИ