понеделник, март 2, 2026
Дома LIFE Доналд Трамп со фикс идеите го запали светот – доби ладен туш...

Доналд Трамп со фикс идеите го запали светот – доби ладен туш од Вашингтон!

237

Американскиот државен секретар во заминување Ентони Блинкен го советува светот да не „губи премногу време“ на она што новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп го вели за Гренланд – дека автономната територија во рамките на Данска треба да помине под контрола на САД.

Во оваа смисла, Трамп во вторникот повторно зборуваше за Гренланд, па дури и рече дека не ја исклучува можноста со употреба на воена сила да и дозволи на Америка да го заземе овој огромен остров, североисточно од Канада и северозападно од Европа.

„Потребен ни е Гренланд поради национална безбедност“, рече Трамп на прес-конференција.

Блинкен, пак, вчера оцени дека амбициите на новоизбраниот претседател најверојатно ќе останат само приказна.

„Идејата што беше изразена во врска со Гренланд очигледно не е добра“, рече американскиот државен секретар за време на официјалната посета на Париз, додавајќи:

„Што е уште поважно, очигледно нема да се случи. Затоа, можеби не треба да губиме премногу време зборувајќи за тоа.

ИЗДВОЕНИ