понеделник, јуни 22, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Спикерот Гаши оди со позитивна мисла во Софија на билатерална средба со...

Спикерот Гаши оди со позитивна мисла во Софија на билатерална средба со бугарската колешка Доцова

12

Претседателот на Собранието, Африм Гаши утреа ќе отпатува за Софија каде ќе учествува на состанок на Процесот за соработка на Југоисточна Европа. Тој најави дека ќе има и билатерална средба со бугарската колешка, Михаела Доцова која ќе се одржи на нејзино барање.

— Добивме покана од нив за билатерална средба на која ќе разговараме за соработка на парламентарно ниво. Досега, имајќи ја предвид политичката ситуација во Бугарија, не сме имале никаква соработка и комуникација, сега се трудиме да воспоставиме – изјави Гаши.

Тој не очекува на средбата Доцова да ги повтори барањата на бугарската претседателка Илијана Јотова упатени до македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова.

— Одам со позитивна мисла и со добро познатите позиции на државата, а тоа е дека треба да разговараме и заеднички да соработуваме на евроинтегративниот пат. Во однос на уставните измени моите ставови се познати, тоа се ставови на државата, но и мои лични. Да одиме напред, да не спојува иднината, а не минатото — рече Гаши.

ИЗДВОЕНИ