четврток, февруари 12, 2026
Дома СКОПСКА Доделени 66 таблети на учениците од средното училиште „Илинден“

Доделени 66 таблети на учениците од средното училиште „Илинден“

47

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевскки, додели 66 смарт таблети во средното училиште  „Илинден“ по повод новогодишните и божиќните празници.

Тој истакна дека оваа иницијатива е во согласност со неговите заложби и посветеност кон модернизацијата на образованието и обезбедување на најдобрите услови за учење и развој на учениците.

-Таблетите ќе бидат искористени за пристап до најновите едукативни апликации, дигитални учебници и други материјали кои ќе го направат учењето поинтересно и попријатно и ќе им помогнат на учениците да ги доразвијат своите дигитални вештини кои се клучни во ова време на дигитализација – изјави Георгиевски.

Тој додаде дека локалната самоуправа цели кон модерно и современо образование за сите млади.

ИЗДВОЕНИ