Eкипите на јавното претпријатие Комунална Хигиена во текот на вчерашното деноноќие подигнале и транспортирале приближно 50 кубни метри отпад од неколку диви депонии лоцирани во скопските општини Чаир, Карпош и Гази Баба.
-Повторно е интервенирано на улицата „Џон Кенеди“, во општината Чаир, каде што се подигнати 15 кубни метри кабаст и отпад од картонски пакувања одложени на јавна површина во непосредна близина на ООУ „Васил Главинов“. Во оваа скопска општина се отстранети и седум кубни метри непрописно одложен градежен отпад од сообраќајна површина на улицата „Цветан Димов“ – информираат од претпријатието.
Во општината Карпош пак се реализирале активности на булеварот „Партизански одреди“, каде што биле расчистени приближно пет кубни метри отпад од картонски пакувања одложен на тревна површина во близина на Порта Влае.
Во текот на вчерашниот ден била отстранета и голема дива депонија составена од кабаст и мешан комунален отпад лоцирана на улицата „Париска комуна“, во општината Гази Баба.