Летото во Македонија и на северната хемисфера на Земјата почнува денеска во 10 часот и 24 минути. Во истиот момент, на јужната полутопка ќе настапи зимата.
Летото е најтоплиот период од годината и се одликува со најдолги денови и најкратки ноќи. Почетокот на летото е поврзан со летната краткоденица, а 21 јуни е денот со најмногу сончеви часови во текот на годината на Северната хемисфера.
На првиот ден од летото, синоптичарите најавуваат сончево и топло време, но веќе од утре нови врнежи од дожд.
Летото трае до 23 септември кога календарски настапува есента.
По овој датум деновите постепено почнуваат да се скратуваат, додека ноќите стануваат подолги, иако високите летни температури продолжуваат и во текот на јули и август.
Додека на Северната хемисфера започнува летото, на Јужната хемисфера настапува зимата. Оваа спротивност е резултат на наклонот на Земјината оска и нејзиното движење околу Сонцето.
Летото традиционално е период на годишни одмори, патувања, престој на отворено и високи температури.












