четврток, јуни 18, 2026
Дома СВЕТ Добитничката на Нобеловата награда за мир, Нагрес Мохамади, која е затворена во...

Добитничката на Нобеловата награда за мир, Нагрес Мохамади, која е затворена во Иран, е во критична здравтвена состојба – се бара да се лекува во специјализирана болница во Техеран

51

Добитничката на Нобеловата награда за мир 2023 година, некогашна новинарка, а потоа повеќедецениска активистка за човекови права Наргес Мохамадни, е затворена во Иран, и во моментот се наоѓа во критична здравствена состојба.

Таа пред два дена од затвор е однесена во болница во градот Занџан на северот на Иран, соопшти денеска Фондацијата „Нагред Мохамади“ со која раководи нејзиното семејство.

Британската новинска агенција „Ројтерс“ пренесе дека активистката во затвор два пати губела свест и имала тежок срцев удар, а Фондацијата бара нејзиното лекување да биде продолжено во специјализирана болница во Техеран.

Наргес Мохамади (54) ја доби Нобеловата награда за мир поради децениската борба за правата на жените и за укинувањето на смртната казна во Иран.

Таа е повеќекратно затворана од 1998 година и сега повторно се наоѓа на издржување затворска казан од седум и пол години на кои е осудена од февруари оваа, 2026 година, поради „антидржавна пропаганда“. Мохамади е осудувана 13 пати на вкупно 31 година затвор и 154 удари со камшик.

Комитетот на Нобеловата награда го повика Техеран веднаш да ја ослободи, објави „Бета“.

ИЗДВОЕНИ