четврток, август 13, 2026
Дома СВЕТ Дизниленд Париз затвори дел од атракциите поради екстремна топлина

Дизниленд Париз затвори дел од атракциите поради екстремна топлина

42

Дизниленд Париз привремено затвори голем број од своите атракции на отворено и го прилагоди својот распоред поради топлотниот бран што ја погоди Франција, соопшти раководството на паркот во вторник.

Забавниот парк беше принуден да преземе итни мерки, привремено суспендирајќи голем број атракции на отворено, особено оние што ги изложуваат посетителите на сонце подолг период или вклучуваат чекање на отворено, објавува „Ле Фигаро“.

Ноќните претстави и паради исто така се изменети или скратени, додека употребата на огномет, дронови и други пиротехнички ефекти е суспендирана како мерка на претпазливост, објавува „Ле Фигаро“.

ИЗДВОЕНИ