вторник, октомври 6, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Дивокоза забележана на фотозамките на Пелистер

Дивокоза забележана на фотозамките на Пелистер

71

Дивечот во НП „Пелистер“, по интензивираните активности на ренџерската служба, сè почесто може да се забележи во неговите живеалишта во зоната на активно управување и во зоната на строга заштита.

На фотографиите од фотозамките лесно може да се забележи каде се движи дивечот, колкава е неговата бројност, во каква здравствена состојба се наоѓа и како функционира во секојдневието како дел од синџирот на исхрана.

На фотографиите може да се забележи волк (Canis lupus) во улога на предатор како се движи со својот плен (срндач – Carpeolus carpeolus), потоа по подолго време на интензивен мониторинг е забележана дивокоза (Rupicapra rupicapra), но и движењето на диви свињи (Sus scrofa) во група. Ова е карактеристично за овој животински вид на Пелистер.

Исто така, можат да се забележи и дива мачка која, како што велат од НП „Пелистер“, честопати се случува да биде помешана од посетителите со рисот.

– Дивата мачка има свои карактеристики и во значителна мера се разликува од Балканскиот рис – тврдат од НП „Пелистер“.

 

ИЗДВОЕНИ